Вчера не’ напушти едно од најголемите имиња во комедијата, Робин Вилијамс. По сите дадени интервјуа, конференции, сите снимени сцени исполнети со хумор, смртта на овој актерски великан и по долго време ќе се чувствува како да била вчера. Исто како денеска. Сепак, овој комедијант заслужува да биде испратен како што беше пречекан кога ја започна својата кариера, со смеа. Во прилог Ви доставуваме само неколку од најпознатите изреки на Вилијамс, кои ќе останат со нас уште долго време.
„Тебе ти е дадена само една малечка искра на лудило. Не дозволувај да ја изгубиш!“
„Кога имаш одлична публика, само можеш да продолжиш да бараш нови работи за матријал.“
„Жена никогаш не би направила нуклеарна бомба. Тие никогаш не би направиле оружје кое убива. Тие би направиле оружје кое ќе направат да се чувствуваш лошо некое време.“
„Никогаш не влегувај во тепачка со грди луѓе. Тие немаат што да изгубат.“
„Ги сакам децата, но тие се тешка публика.“
„Комедијата е изглумување на оптимизмот.“