Malangeli се сигурно едни од најсексипилните потпетици на светот. Дизајнирани специјално од Кристијан Лобутин за Анџелина Џоли, кои ги носеше на премиерата на филмот „Maleficient“. Но, по големиот интерес дизајнерот реши оваа есен да ги пушти во продажба во црна и бела варијанта. Цената ќе биде 950 фунти, а дел ќе биде дониран во хуманитарни цели во СОС Детските Села.