Како би било кога Вашиот компјутер НАВИСТИНА ќе се погрижи за Вашите чувства и емоции? Victoria Siemer, со своите вештини во областа на графичкиот дизајн, направи прекрасна колекција на полароиди од слики кои ги прави во облик на малечки интернет реклами, предупредувања или некој едноставен процес кој се случува во Mac компјутерите. Малечок договор меѓу фотографијата и дигиталната ера, како и меѓу чувствата и ладните машини. Повеќе за работата на Victoria можете да погледнете тука.