Нема сомнеж дека Малдивите се вбројуваат меѓу најживописните локации на Земјината топка, каде повеќето светски патници би се согласиле да заминат дури и со шатор. Сепак, светските водечки ланци на хотели одамна започнаа со развој и вложување во оваа чудесна дестинација, надополнувајќи ја неверојатната природа и со најдобро сместување за туристите. Меѓу нив е и познатиот хотелски комплекс ,,Viceroy’’, кој иако е отворен во 2012-та година, веќе важи за еден од најфасцинантните островски ресорти. Понудата ја сочинуваат низа прекрасни вили дизајнирани од признати и реномирани архитекти, а нивото на комфор и интима ги надминува сите можни очекувања на посетителите. Сместени се на површина од 17 акри на еден од атолите, опкружени со извонредни погледи на палмовите дрвја и сината лагуна. На спектакуларните пејзажи се надоврзува и луксузниот ентериер на вилите, како и врвната услуга од персоналот, канејќи ги своите гости на разгалување на сетилата и одмор за душата. Вистински рај за сите остроумни авантуристи!
Летна авантура на Малдиви
Рајскиот ресорт е опкружен со идилични глетки на палмовите дрвја, белите песочни плажи и азурно сината лагуна.