Ви претставуваме уметничка која го користи човечкото тело како платно за нејзините неверојатно креативни проекти – Тrina Merry. Таа е нов жител на Големото јаболко и со цел полесно да го запознае својот нов град создава серија фотографии каде што девојката се камуфлира во средината на Њујорк. Извонредно е тоа што секој пејсаж всушност е помешан со човечки облик. Не е едноставно да се дојде до овој резултат. Merry најпрвин внимателно ги поставува своите модели, за потоа да помине неколку часови сликајќи по својот модел. Ви се допаѓа?