Петочно расположение за Направи сам – не постои ништо поубаво од фактот дека сте способни и креативни од ништо да направите нешто, од старо да изведете ново, од едноставно да создадете уникатно. Со Вашите две раце, Вашиот креативен ум и нашите предлози. Како и секогаш, се’ што Ви е потребно е малку време и добра волја; само што овој пат покрај тоа, ќе треба да направите мало истражување низ Вашиот дом за да ги најдете потребните материјали… проектите во прилог достигнуваат бројка од 50 фотографии, сместени во 5 табели со аксесоари по 10 предлози. Пронајдете што Ви се допаѓа и направете го сами. Направете повеќе, измислете нешто ново. Имајте убав старт на викендот!