На креативниот сајт Kickstarter, корисникот Danny Fein прикачува предлог-проект за кој не претпоставува дека ќе доживее огромна популарност и дека извесен период ќе се надоградува и надополнува. Имено, станува збор за тоа што истиот подразбира можност на сите корисници на сајтот да можат да изберат цитат од нивните омилени книги и да го направат во облик на привремена тетоважа.
Проектот носи наслов ‘Litographs’, со цитати преземени од 15 класични наслови од калибарот на The Adventures of Sherlock Holmes, Ulysses и Les Misérables. Кои се останатите наслови кои добија свое место во овој проект, погледнете на фотографиите во прилог. Доколку не избравте омилена, Ве упатуваме на гореспоменатиот сајт за да станете дел од проектот!