Пар чевли, пар долна облека, пар книги… пар од типот на „плати едно, земи две“, парот составен од кафе и колаче, пар обетки, пар комплементарни добра кои не можат едно без друго – постои едно клише тврдење според кое најубавите работи одат во пар. Последна асоцијација која дополнително ќе Ве мотивира во овој предлог е додворувањето во филмот „Трето полувреме“, дека „људите се као кондури, одат во пар“ со кое апсолутно се сложуваме. За да се упатите некаде, кон некоја цел, дестинација или среќа; сетете се дека за бесцелно патување потребно е да сте сами. Кога сте двајца, секогаш некаде одите.
Безразлика каде – на кафе, состанок, кино, манифестација, свадба или работен состанок; онаму каде што одите заедно со Вашата друга половина потрудете се да ги синхронизирате боите и парчињата облека. Дури и само деталите! Ако сте нашле начин да се надополнувате еден со друг во животот, да ја делите радоста и грижите, да се упатите кон заеднички живот – тогаш нема да Ви биде проблем да соодвествувате еден на друг и од стилски аспект. Некогаш намерно, некогаш сосема случајно… градењето на стил во пар е само стил на квадрат. Направете да се вреднува.