По брачниот неуспех и мноштвото предизвици на приватен план, американската писателка Холи Петерсон одлучила целосно да го промени својот начин на живот. Летото го минала пишувајќи роман за љубовта и причините поради кои врските прекинуваат, но истовремено успеала да ја открие страста кон океанот и сурфањето. Во солената вода препознала исцелувачки еликсир, а во утринското скротување на брановите – секојдневен повод за насмевка на лицето. Така, летниот дом на плажа во Хамптон одеднаш се претворил во долго посакуваното место за уживање во слободата, каде времето го ,,троши’’ исклучиво на нештата што ги љуби. За таа намена, и ентериерот претрпел радикални промени, па од стара и по малку монотона куќа на океанскиот брег, нејзиниот втор дом денес е блескаво катче кое зрачи со позитивна енергија и живост. Секоја соба е инспирација сама по себе: стилски уредена по вкус на писателката, откривајќи преубави летни идеи во ново и свежо руво. Доминираат светлите, енергични и весели бои на летото, а особено внимание е посветено на деталите, како и на задржување на морскиот дух во секој простор. Прекрасен проект!
Летниот дом на една писателка
Доминираат светлите, енергични и весели бои на летото, а особено внимание е посветено на деталите, како и на задржување на морскиот дух во секој простор.