Одамна заклучивме дека за уметноста нема граници, уметничките дела не се само за музеите и галериите. Тоа повторно го потврдува шпанскиот уличен уметник Borondo, кој создал своја перцепција на сликата „Офелија“ дело на John Everett Millais, на еден брод. Брод кој плови по должината на реката Ли во Источен Лондон и на рибарите и случајните минувачи им нуди уметнички поглед.