Кога големиот The New Yorker ќе побара од стрип-илустраторот Bob Eckstein да направи една необична прошетка низ Њујорк за да ги потретира неговите омилени книжарници – резултатот е повеќе од очигледен во фото-галеријата во прилог. Книжарница и агол по избор на уметникот, дополнети со мини-приказна од сопствениците на истите, за нивните искуства со читателите. Оваа серија илустрации во анимиран формат и живи бои најпрвин ги испратил до редакцијата на магазинот како црно-бели цртежи со извесни коментари, зошто ги избрал баш нив и какви спомени создал додека трагал по полиците. The New Yorker настапува со одобрение, така што Bob Eckstein ги доработува своите визии, за во периодот јули-август истите да го видат светлото на денот на страниците на култниот медиум.
Дел од нив се достапни подолу, да Ве расположат и инспирираат; додека дел од нив се уште не се објавени. Кога би се направил ваков проект за Скопје, чии излози би биле застапени? Кои се Вашите омилени македонски книжарници?
* погледнете и Rizzoli Bookstore, како една книжарница дише во ритамот на Големото јаболко.