Летото е време кога тешката шминка треба да се замени со минимална и да се даде предност на природниот изглед со кој се постигнува ефект како да немате шминка. Во ваквата шминка преовладуваат светли нијанси од палетата на светлорозеви, беж и земјени тонови. За да го постигнете овој nude изглед, потребно е да знаете некои основни правила:
За очите, одберете сенки во светли бои и истакнете ги со кафеаво моливче и маскара која не дава многу волумен.
Руменилото нека биде во нијанса на праска, или едноставно заменето го со бронзер- многу поубаво стои, особено на исончан тен.
Кога станува збор за кармин, и тој нека биде светол: розов, крем, или светлопортокалов. Пожелно е биде мат или со сосема малку сјај.
Во видеото можете да погледнете како се нанесува ваква шминка, како и да научите уште некои правила за ваков изглед.