За добра фотографија потребно е добро око, чувство за фотографирање, но потребно е и нешто што е вредно да се фотографира. Некои места не мора да бидат овековечени од професионални фотографи за да се добие прекрасна композиција. Нашиот денешен избор е фотографија на Ratnakorn Piyasirisorost, направена во Тајланд. Езеро, куќичка во него, дрвја и совршен контраст на зајдисонце – ни нуди чувство на смиреност и мистичност.