Иако со скромна површина од 60 метри квадартни, овој стан делува многу поголемо и воздушесто, благодарение на убавите декоративни финеси кои визуелно го прошируваат просторот и ја рефлектираат сончевата светлина во ентериерот. Одличен пример е како со изборот на светли бои и соодветен мебел, и малиот станбен простор може да се претвори во дом кој е комфорен, модерен и полн со стил. Едно од решенијата во неговиот дизајн е примената на ист јасен завршеток на ѕидовите во секоја соба – меката сива нијанса е искористена за стилизирање на ходникот, дневната соба и спалната соба. И дава простран изглед на внатрешноста, а умешно е избегнат студениот ефект, делумно и поради употребата на топол ламинатен под и колоритните акценти во свежа зелена боја. Кујната е од отворен тип, што и овозможува директно да комуницира со дневниот престој, а воедно ја снадбдува и со природна светлина поради недостигот од прозорци. Трпезаријата, пак, е флексибилна и повеќенаменска, па покрај стандардната употреба, трпезариската маса може да се расклопи, претворајќи се во парче мебел со естетска намена. Ваквата паметна идеја е исклучително практична, особено за помали станови каде нема доволно место за премногу мебел и украси. Спална соба, бања и голем гардеробер е се’ што му е потребно на овој мини дом за совршено да функционира. Погледнете како изгледа и инспирирајте се!