Доколку првата перцепција кога станува збор за грчката митологија е Зевс, втората е дефинитивно Херкул. Сите, некои повеќе, некои помалку, ја знаеме приказната за славниот полу-бог кој си го бараше својот пат назад до Олимп. Или барем така Дизни не’ научи.
Далеку од детските хумористични сцени, во филмот јасно се гледа суровоста која ја носи убивањето. Сето тоа што Дизни го претстави во три минути, во филмот е претставено детално и колку што е можно „пореалистично“.
Во филмот приказната е различна. Херкул го губи своето семејство заедно со надежта и им го врти грбот на боговите. Единствената утеха ја бара во крвава битка.
Во режија на Brett Ratner, филмот целосно го опфака периодот на 1400 година пред нашата ера, од костимографија се до општи верувања. Главните улоги ги заземаат: Dwayne Johnson, John Hurt, Ian McShane, Ingrid Bolsø Berdal.
Дозволете си 98 минути максимално да ги искористите во „Кино Милениум“ секој ден од 20:00 часот.
Трејлерот можете да го погледнете подолу ;)
Divianarts.com е медиумски партнер на „Кино Милениум“.