Се сеќавате на креативната серија фотографии „Следи ме“ направена низ светот? Денес Ви претставуваме уште една креативна серија фотографии направена низ светот од Peter Sedlacik и Zuzu Galova, двојка која ги меморира своите патувања од две преспективи, свртени еден кон друг тие истовремено фотографираат.
Серијата е насловена „Lens Between Us“ и ни овозможува да погледнеме две различни преспективи од секоја локација; музеи, плажи, градини, продавници и други туристички атракции во земји како Сигнапур, Португалија, Германија и Австралија. Овие фотографии имаат уште една порака во себе, сведочат за љубовта на Sedlacik и Galova покажувајќи дека тие секогаш се предмет на меѓусебно внимание, без разлика на кое место се наоѓаат.