Еве една интересна идеја за љубителите на благо. Се прави многу брзо и лесно и идеално е кога немате многу време за десерт, а сакате да се засладите.
Потребно ви е:
350 грама темно чоколадо
2-3 шољи слатка павлака
2 лажици ликер од цреши (може и црвено вино)
1-2 лажици вода
Во тенџере за фонду искршете го чоколадото на парчиња, додадете ги слатката павлака, ликерот од цреши и водата и мешајте со дрвена лажица на тивок оган додека сè убаво не се растопи.
Доколку немате вакво специјално тенџере, можете истово да го направите и во обично тенџере, па да го сервирате во друг сад. Оваа доза може и да се зголеми во зависност од тоа за колку луѓе се подготвува десертот.
Идеи за сервирање има многу. Наш предлог е со сечкани јаболка и јагоди, цреши или крофнички. Изборот е ваш. Добар апетит!