Концептуалниот велосипед Kit Bike е револуционерно откритие на студиото Lucid Design, чиј оригинален дизајн овозможува велосипедот да се расклопи по возењето, а потоа и спакува во чанта. Звучи неверојатно, зар не?! ,,Велосипедот во чанта” е составен од 21 парче и мошне брзо се монтира, при што сите делови лесно се прикачуваат и спојуваат еден со друг. Како и кај класичните велосипеди, рамката е конструрирана од празни алуминиумски цевки, поврзувајќи се на челичната конструкција на тркалатa. Едноставниот и модерен дизајн е збогатен со кожено седло, рачки за волан, како и кожена чанта во која може да се соберат сите делови по неговото расклопување. Од тимот на студиото Lucid Design сметаат дека освен за возење, обичните велосипеди не се доволно полезни и практични. Kit Bike е нивното идеално решение за проблемите поврзани со преносот и движењето со велосипедот низ градот, како и неговото чување во домовите, каде често нема доволно место за таа намена. Концептот е добитник на наградата Red Dot 2014, но компанијата се’ уште нема започнато со производство на овој интересен велосипед.