Приказната за Мерилин Монро никогаш не завршува. Оваа недела во галеријата “Sumo” во Њујорк ќе се одржи изложба со досега необјавени слики од филмската дива.
Оваа слика настанала за време на снимањето на филмот “River of No Return”, во 1953 година. Филмот привлече многубројна публика.
Во истиот тој филм партнер на Мерилин ѝ беше Robert Micham.
Сигурно се сеќавате на филмот “Bus Stop” од 1956. Мерилин изгледаше заносно, како вистинска холивудска дива. Оваа фотографија е од снимањето на овој голем хит.
Мерилин Монро со ноти било идеја на фотографот Lani Carlson.
Уште една фотографија на Lani Carlson кој ѝ бил омилен фотограф на глумицата. Фотографијата е од 1952.
Создавањето на филмот “Niagara” (1953) ја донело оваа фотографија. Сè што правела Мерилин и зад сцената и на екраните било вредно за внимание.
Во истата година, Allan Snyder уловил еден момент кога Мерилин била во спортска комбинација, далеку од холивудскиот гламур.
За оваа фотографија е заслужен пријателот на глумицата, Mischa Pelz. Тоа било нивната прва соработка, непосредно пред филмот “Gentlemen prefer blondes”.