Промоцијата на годишниот каталог на IKEA е настан кој со нетрпение го очекуваат сите љубители на дизајнот и убавите ентериери. Во голема мера се заслужни стилистите од познатата шведска куќа, чии инспиративни предлози докажуваат дека се’ е возможно кога е домот во прашање, без оглед на направените пресметки, или, пак, квадратурата на животниот простор. Оваа година, главна новина е фокусот на спалните соби и бањите – двете простории се издвоени пред дневниот престој, трпезаријата и кујната во каталогот. Зошто токму спалната соба и бањата? Затоа што од IKEA веруваат дека тоа се местата каде започнува и завршува денот. Секој има свои лични потреби во поглед на утринската и вечерната рутина. Секој се буди наутро и заминува на спиење навечер, додека сите останати активности меѓу овие два мига се исклучително индивидуални. Во продолжение, ви го претставуваме фотографскиот приказ од промотивниот каталог за 2015 година, кој изобилува со паметни и креативни идеи за уредување на домот. Пронајдете ја вашата омилена инспирација.