Кога и да се зборува за „совршена“ двојка на големото платно, првата перцепција се Бред и Анџелина. Сосема забораваме на Адам Сендлер и Дру Баримор кои дефинитивно знаат да ја воодушеват публиката од сите возрасти. Само потсетете се на култниот „50 први состаноци“ и ќе ја почувствувате хемијата помеѓу Адам и Дру.
Сепак, оваа година романтиката е заменета со комедија. И тоа навистина добра комедија. Во ,,Семеен Хаос” („Blended“), Адам е во улога на Џим, а Дру во улога на Лорен. Нивниот прв состанок завршува како еден од најлошите во нивните животи и нивна цел е само да го заборават.
За нивна жал, по сплет на одредени околности, завршуваат со своите деца заедно во Африка, а кога Африка станува во збор, можете да очекувате прекрасни сцени, преслатки животни и преголеми авантури.
Без двоумење, ,,Семеен Хаос” e филм кој ќе го обележи Вашето лето. Тие добри 117 минути можете добро да ги искористите во градското кино „Кино Милениум“, секој ден во 22:30 часот. Трејлерот можете да го погледнете подолу. ;)
Divian Arts е медиумски покровител на „Кино Милениум“.