По бројните домашни и странски имиња, на Lotus Design Store ќе им се приклучат уметницата Марта Поп Антоска- Башевска која твори под името „М арт студио“ и двоецот Јелкица&Виолета Поповски.
Антоска- Башевска во последните седум години изработува уникатни уметнички дела, ентериерни стаклени решенија и парчиња накит од фузирано стакло. Процесот кој го користи за изработка на истите претставува фасцинантна и уникатна техника. Комбинацијата на рачно изработени топени фузирани камчиња, формирани од високо квалитетно италијанско стакло, бисери и корали ги прави овие дела со неповторлива уметничка вредност.
Веќе е во продажба и колекцијата „Escape from the red carpet“ која Јелкица& Виолета Поповски ја прикажаа на последното издание на Моден викенд Скопје во април годинава. Во исчекување на новите колекции на есен, на попуст се креациите за пролет/лето 2014 на Росица Мршиќ, Стефанија Насеска, Ирина Тошева, Елена Спасовска, Оливера Штакоска и Le brand. Намалување на цените ги следат и производите на Zavar и Feydom.
Во Lotus Design Store достапна е и капсулната колекција создадена од графичките дизајнери и илустратори Иван Петрушевски, Емилија Мишева, Ружица Трпковска, Јован Петрушевски и Бојан Кртолица кои инспирацијата од „природата која не е само зелена“, ја пренесоа на летни маички. Колекцијата е произведена во соработка со Моден викенд Скопје во рамките на овогодинешното деветто издание .
Освен попуст на сите производи , „Lotus Lounge Chair“ објавува и конкурс за фотографија „Lotus selfie“-сликај се со Лотус и добиј награда! Конкурсот ќе биде отворен од 22 јули до 22 септември а за оние кои немаат Лотус поставено е фото-катче на вториот кат во Сити мол каде што ќе можат да ја покажат својата креативност. Фотографиите треба да бидат постирани на фан страницата на Lotus Lounge Chair. За најоригиналните фотографии обезбедени се награди.