Артистот за звук Yugo Nakamura во една минута ги комбинира звуците на капки што паѓаат на различни површини: стакло, дрво, лист и полжав. Почнува со четири поединечни звуци и потоа таа секвенца ја дуплира и ја повторува 10 милиони пати, за на крај да се добијат звуците од кои настанува звукот на дождот. Видеото се вика “Amaoto no Yurai”, што во превод значи „Потеклото на дождот” и е навистина фантастично обработено.