Сите луѓе и се восхитуваат на месечината оддалеку, а малкумина имаа можност да ја видат одблиску па дури и да застанат и зачекорат на неа. Оваа година е 45- годишнина од лансирањето на Аполо 11, една од мисиите од програмата Аполо со која човекот успеа да слета на месечината за првпат.
Вселенското летало Аполо 11 било лансирано на 16 јули 1969 година, од космодромот Кејп Кенеди во САД. Екипажот на вселенското летало бил составен од Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин.
На 20 јули, Нил Армстронг и Едвин Олдрин се спуштиле на лунарната површината и ги направиле првите чекори на Месечината во историјата на човештвото. Мајкл Колинс за тоа време орбитирал околу месечината.
Во продолжение можете да видите фотографии од архивата на НАСА, со кои ќе Ве вратиме 45 години наназад и ќе Ве потсетиме на мисијата, слетувањето на месечината, првиот чекор и нивното враќање.