Топлите денови Ви овозможуваат да уживате на отворено – наместо затворени во 4 ѕида уживајте во Вашата градина или тераса. Со денешниот Направи сам проект Ви предлагаме да ја разубавите токму Вашата градина или тераса. Изненадете ги членовите на Вашето семејство и на едноставен начин направете висечки саксии.
Потребно ви е:
- пластични шишиња;
- скалпел;
- ножици;
- лепак (пиштол за лепак);
- малку ткаенина;
- јаже или врвки.
Процесот на изработка е едноставен. Со скалпелот правите дупка на пластичното шише, а со ножиците целосно го сечете. Потоа ја лепите ткаенината врз шишето. Правите дупчиња од страните, ги ставате врвките и по желба ставате декоративна лента на врвот. За крај, потребно е да го засадите цвеќето и да ги сместите на соодветното место.