Млад и креативен, фотографот кој веќе имавте прилика да го запознаете – Ѓорѓи Десподов од Прилеп, осмислува приказни во својата глава, го пронаоѓа соодветното место, соодветните модели и реквизити и создава фотографии кои ги раскажуваат претходно осмислените приказни.
Освен својата умешност со објективот во својот најнов едиторијал RAPTURE тој ни претставува и друга страна на неговата креативност, осмислување и рачно изработување на маичка. Едиторијалот е во соработка со моделот Сара Миленковска.