Полскиот квартет „MozART GROUP“ се познати по својот поинаков пристап на класичната музика, трудејќи се да ги придобијат фановите од рок, па се до поп музиката. Хуморот и сарказмот се познати доминатори за време на нивните настапи. Четворицата се дипломци на престижните академии за музичка уметност во Лоѓ и Варшава, но тоа не ги запира иронично да ја „користат“ сцената, на која добрата музика е неверојатно хумористична.
Тешко е да се верува дека класичната музика може да се претстави на ваков несекојдневен начин, па затоа Ве предизвикуваме да проверите и самите.
MozART GROUP настапуваат вечерва (17.07) како дел од програмата на Охридско лето, во 21:00 часот во предворјето на црквата св. Софија. Билетот изнесува 400 денари.