Во резерватот Саби Сенд во Јужна Африка, место каде звуците од дивината и магичните зајдисонца се спојот кој неодоливо мами на уживање, отворено е елитно сафари одморалиште за светските патници. Посетителите на комплексот Lion Sands Game Reserve можат самите да изберат каде ќе го минат својот одмор – во раскошна вила со 5 ѕвездички и ексклузивни погодности, или, пак, во автентична куќичка на дрво. Одмаралиштето се состои од 5 вили со големи дневни соби и излез на прекрасни тераси, базени и спа салони, како и три спектакуларни куќички на дрво со волшебни видици на пејзажите во опкружувањето. Куќичките располагаат со тераси кои откриваат чудесен поглед на природата и дивите животни кои слободно се движат во околината, како и романтични кревети со балдахин за сон по ѕвезденото небо на Јужна Африка. Дење на гостите им се нуди сафари излет во срцето на саваната, а навечер одмор со залезот на сонцето кој го одзема здивот. Вистински рај за сетилата – уживајте во глетките!
Одмор со магични зајдисонца
Авантура од соништата во срцето на Јужна Африка...