Селфито стана навистина актуелно, дури и политичарите почнаа да прават селфи, но сепак мора да се нагласи дека не секаде и секогаш е препорачливо да се прави селфи. Агенцијата DDB México за Volkswagen создава креативна рекламна кампања која порачува „Не правете селфи додека возите“. Фотографиите што следуваат иако не се реални ги претставуваат можните последици. Сепак додека возите внимавајте на патот, се’ друго е од помала важност.