Said Mhamad слободно може да го наречеме најдобриот фотограф од Либан кој создава прекрасни фотографии кои ги овековечуваат значајните моменти. Секоја негова фотографија изобилува со креативност и зборува сама за себе. Во период кога свадбите се во ек, кога многумина одлучуваат да застанат на лудиот камен наш избор за Фото на денот е една креативна свадбена фотографија на Said. Можеби ќе Ве инспирираме и Вие да го збогатите Вашиот свадбен албум со ваква фотографија.