“Things you own end up owning you.”- Tyler Durden- “Fight Club”
Легендарната изрека од култниот Fight Club преведена на македонски би значела „Работите што ги поседуваш те поседуваат тебе.” Овој краток анимиран филм со трагичен крај ја истражува нашата проблематична врска со технологијата и ни прикажува како технологијата што мислиме дека ја поседуваме и од која сме зависни, всушност нè користи и „си поигрува” со нас. Работите кои мислиме дека работат во наша корист на крај испаѓа дека работат против нас. Комбинација од хумор и трагични елементи. Погледнете за што се работи.