Загадувањето – проблем кој станува се’ поактуелен, проблем со кој сите сме запознаени и сите сме дел од истиот. Но дали можете да замислите колку ѓубре „произведуваме“ дневно?
Gregg Segal, фотограф од Калифорнија преку фотографии сака да ја зголеми свеста кај луѓето за ѓубрето кое го „произведуваат“. Создава моќни фотографии на кои се претставени луѓе кои се опкружени со ѓубрето кои го создаваат за седум дена. Неговиот проект е насловен „Седум дена ѓубре“ и преку фотографирање на луѓе од различни социјални и културни средини се обидува да допре до најголем број на луѓе.