Добри вести за сите оние кои планираат да патуваат во Загреб ова лето. Туристичката заедница на Град Загреб во соработка со агенциите Bruketa&Žinić OM и Brlog лансираа нова мобилна апликација Zagreb Be There, која на посетителите на Загреб им предложува различни тематски патишта за обиколка на главниот град на Хрватска со помош на смарт-телефоните. Апликацијата нуди 4 можни рути: Indie, Refreshing и Classic Zagreb и Space Explorer, од кои секоја го претставува Загреб на различен начин. Со ова имате можност да си одберете кои и какви места сакате да посетите за време на вашиот престој. Погледнете за што се работи во краткото видео.