Секој заслужува свое место, свој покрив над главата, место кое би го нарекол дом.
Иновативен архитектонски дизајн тим од Словачка – DesignDevelop, излезе со брилијантна идеја за трансформација на билбордите покрај патиштата во мали станови за бездомниците, проект наречен The Gregory project. Иако станува збор за мал простор, тие на креативен начин го осмислиле и во тој простор сместиле кујна, место за спиење и бања. За таков објект би била потребна минимална сума за одржување, а истата таа сума би можела да се добие од изнајмувањето на билбордот.
Иако засега оваа идеја може да ја видиме само на дигитални визуелизации ние веруваме дека овој проект е прекрасен, билбордите би добиле и друго значење. Истражувањата кои го потикнале проектот се направени во Словачка која има добри водоводни и енергентски мрежи, но со некои корекции овој проект може да се примени секаде.