Сигурно сте слушнале за познатите шпански мини-специјалитети наречени тапас. Тапас е име за мали, вкусни закуски кои обично се послужуваат како мезе во мали садови, во кафулиња или ресторани. Шпанците ги обожуваат, а во последниве години станаа популарни и во другите земји во светот. Најчесто се служат со бело вино или пиво. Одлична идеја за уникатна домашна забава со која нема да погрешите. Ви претставуваме неколку брзи и лесни рецепти за тапас, идеални за следната летна собиранка со друштво (:
Pa amb tomaquet
За овој каталуњски рецепт се сечкаат домати на половина, се ставаат на кришки бел леб или багет и се попрскуваат со маслиново масло и сол. По желба се додава и оригано или босилок.
Patatas Bravas
Исечкајте неколку компири на коцки и печете ги во рерна околу 40 минути. За сосот испржете лук, кромид и сечкани домати. Во некои ресторани сосот е измешани кечап и мајонез.
Olivada
Olivada e типично медитеранско јадење. Измешајте маслинки со маслиново масло и лук. Ова јадење повеќе служи како сос за фурнаринки или крекери или како стартер пред вечерата.
Печурки со лук
Печурките се пржат во бело вино, се додава лук и чили и се готви околу 5 минути. По желба се додаваат и други зачини.
Лосос со крем-сирење
На багет-лепче се мачка крем-сирење и врз него се става лосос. Може да се додаде и сечкан рузмарин или оригано. Се сервира со кришки лимон.
Црвени пиперки полнети со туна
Се мешаат туна, маслинки, млад кромид , маслиново масло и вински оцет. Испечените црвени пиперки се сечат на пола и се полнат со смесата.