Желбата да создаде прекрасни фотографии од океанот за својата сопруга и својот дом е првичната мотивација на Clark Little. Подоцна се открива и неговата скриена страст кон окенанот и започнува процесот на создавање неверојатни фотографии. Без страв од брановите, тој се впушта во прегратка со океанот и овековечува моменти кои траат помалку од една секунда.
„Најлошото нешто за мене е стравот – доаѓа бран по бран, а вие сте заглавени и едноставно не можете да земете здив… но кога тоа ќе резултира со прекрасна фотографија се забораваат тие моменти.“
Погледнете го видеото и ќе се уверите дека ова се вистински фотографии.