Сигурно сте и Вие дел од онаа група луѓе кои се радуваат на подароците во плик, но сепак нешто им вели дека подарокот може да биде спакуван и поубаво – за таа цел, денешниот Направи сам проект ќе Ве упати како да направите уникатна мини кутија, позната под името „перниче“; а за која ќе Ви треба евтин материјал и малку време…
Потребно Ви е:
– ролни од тоалет хартија
– интересна хартија за завиткување
– лепило
– ножици
– коноп или пантлика
Исечете мали летни хартија, доволно е онолку колку да се обвитка ролната со тоа што ќе оставите малку повеќе кај краевите. Нанесете лепило врз хартијата и обвиткајте ја ролната. Од краевите отранете доколку има вишок хартија, додека остатокот превиткајте го заедно со ролната на начин што ќе добиете форма на перниче. Сместете го подарокот внатре – без разлика дали се работи за пари, накит, мотивациона порака или колаче – затворете и украсете со коноп.