За вљубеничките во опуштениот боемски изглед, летото е совршено годишно време за експериментирање со омилените модни комбинации. Бохо модата е еден од најжешките трендови оваа сезона – таа е лежерна, светла и богата со мотиви кои мирисаат на летото. Боемскиот стил на облекување е ,,заштитен знак’’ на оние со артистичка визија и слободен дух, кои прегрнувајќи ја гардеробата и модните додатоци, имаат смелост да бидат единствени и да изразат поинаков став кон животот. Бохото има романтичен, уметнички, а истовремено шик призвук, црпејќи инспирација од игривоста на фолкот и етно дезените. Комфорот, меките линии и индивидуалноста се единствените ,,правила’’ до кои треба да се придржувате, комбинирајќи винтиџ или, пак, егзотични парчиња, во тандем со посекојдневна облека која ве прикажува во најдобро светло. Во продолжение, ви претставуваме неколку убави стилски предлози кои ќе ве инспирираат да му дадете бохо тон на вашиот летен гардеробер.