Зошто жените се извинуваат кога нема за што да се извинат?
Новото видео на Pantene каде акцентот е ставен врз #ShineStrong укажува на голем број ситуации во кои жените се извинуваат за работи што не треба да се извинат, додека сето тоа е прифатено здраво за готово од околината. Истражувањата покажуваат дека жените почесто велат „извини/извинете“ од мажите, често перцепирано како совршено разумен акт во кој се отстапува простор. Една жена се извинува пред да постави прашање – и ред друг примери во ова мотивационо видео кое покажува дека работите може да ги направите и без „извини“. Добар почеток за промена на една навидум добра навика која често другите околу Вас ја искористуваат… бидете силни, бидете сјајни!