Срце-парателна серија фотографии на младиот Christian Wilbur каде интимноста, тагата и се’ почесто реалната слика на денешните семејства излегуваат на површина. Приказната позади оваа серија е посветена на Даниел, братот на Кристијан кој е роден со церебрална парализа. Во текот на последните четири години, здравјето на неговиот брат значително слабее и моментално тој е сместен во медицински дом за стари лица.
Изјавата на авторот дека „без Кристијан, се’ што тој остави во нашиот дом е од клучно значење без кое структурата на ова место нема смисла“, повлекува прогонувачка мисла, болна реалност и емотивно наведнување на главата.