Сите си имаме несигурности и денови кога не се чувствуваме баш најдобро. Во денешно време, кога притисокот да изгледаш убаво, слабо итн. е голем, овие неколку цитати за вистинското значење на убавината можат многу да помогнат. Секогаш кога ќе имате лош ден, прочитајте ги овие мудрости и обидете се да се придржувате кон нив. Или можете да си ги залепите на огледалото, па секогаш кога ќе се погледнете да ви дадат инспирација (:
Убавината започнува оној момент кога ќе одлучите да бидете свои.
Ништо не ја прави жената убава како нејзината верба дека е убава.
Секогаш наоѓам убавина во чудни и несовршени работи- тие се многу поинтересни.
За сите девојки што мислат дека се дебели ако не носат најмал број- вие сте убавите, општеството е грдо.
Не познавам совршен човек, познавам само луѓе кои имаат маани, а вреди да ги сакаш.
За убави очи, гледај ја добрината кај другите; за убави усни, зборувај само со милост; а за убаво држење, чекори со мислата дека никогаш не си сам.