Во пресрет на 6-тиот роденден на ,,Млади за љубов’’, членовите на младинската невладина организација подготвија креативна кампања за одбележување на убавиот јубилеј. По шест години неуморно дарување прегратки на граѓаните од метрополата, ведрите гушкачи овојпат пред себе имаат нова мисија – да ги прегрнат членовите на интернет заедницата со филантропската идеја за споделување љубов и оптимизам.
#ЉубовМиЕ е хаштагот со кој се охрабруваат сите корисници на социјалните мрежи да ги означат своите лични доживувања, омилени мисли, интересни статуси, твитови, или, пак, оригинални фотографии и илустрации на оваа тема. Целта е на едно место да се обединат и споделат сите интимни посвети на чувството кое не сплотува, а оние најкреативните ќе бидат претставени и пред пошироката јавност, на фан страницата на ,,Гратис гушкање’’.
Љубовта постои за да биде споделена. Која е вашата Љубов?