Мајстор за создавање спомени преку фотографии – Ви го претставуваме Горан Кочов. Станува збор за извонреден фотограф од Кочани чии фотографии говорат сами за себе.
Веќе две години активно преку својот објектив меморира значајни моменти. Негов најчест „модел“ се децата и бебињата. Тргнувајќи од фактот дека детството е најубавиот период од животот, период на кој возрасните се сеќаваат низ магла, Кочов се концентрира токму на најмалите.
Создава преслатки фотографии, посебни светови само за најмалите и овозможува споменот да не избледее, да остане вечно во форма на фотографија. На крај ќе заклучиме: секое дете заслужува вакви фотографии. Прекрасно!