Ако сеуште сте во потрага за совршен избор на книга за ова лето, дозволете ни да Ви ги кажеме резултатите на истражувањето на Фондацијата Македоника, најголемата е-библиотека на македонски јазик. Романот „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски е избран на годинашната акција „Роман за лето“ што е во функција на ширење и афирмација на македонската литература. Изборот е резултат на точните показатели на Фондацијата „Македоника“, на чиј сајт „Полицајка в кревет“ е убедливо најчитан роман. На сајтот на Фондацијата (www.makedonika.mk) романот на Смилевски е целосно и бесплатно достапен. Патем, Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје објави две изданија на романот „Полицајка в кревет“, а сега е во подготовка џепна варијанта на делото.
„Однесувањето на Ема ми даваше знаци дека таа е вметнат елемент во мојот сектор, и тоа можев да го прифатам со оглед на карактерот на нашата работа, но не можев да се помирам со претпоставката дека таа прави чекор повеќе и сериозно навлегува во мојата приватност. На почетокот не ми беше доволно јасно дали нејзиниот провокативен однос кон мене беше по налог на некого, на Шефот, на пример, и така натаму, или само израз на порив на млада жена која сакаше да успева во се’. Да, еднаш ми рече: „Јас сум жена и од женското во мене почнува се’ и во него се се враќа“. Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене…“
Главниот лик, младата полицајка Ема Ендековска, е вклучена во организираната акција со која на проституцијата треба да и се обезбеди третман на професија. „Полицајка в кревет“ е криминалистичко-психолошко-