Иако мал, овој светол и креативно уреден станбен простор ќе ве воодушеви со неговиот дизајн, елеганцијата и практичноста. Сместен е во поткровјето на зграда во Гетеборг, Шведска, а благодарение на погодната висина конципиран е на две нивоа. Станот има само 36 метри квадратни (+12м2 на второто ниво), но овозможува и повеќе комфор од очекуваното. Ентериерот е паметно осмислен, поделен и организиран на начин на кој просториите се меѓусебно поврзани, а сепак одвоени. Кујната зазема само еден дел од долното ниво, заедно со дневниот престој кој го сочинуваат софа и мала масичка. Трпезаријата, кујната и дневната соба комуницираат во една целина со отворен план, додека спалната соба удобно е сместена на второто ниво. Скалилата водат до шармантната галерија, која му дава посебно чувство на овој мал сладок дом. Покрај спалната соба, на горниот кат сместена е и мини канцеларија со биро и орман за складирање. На тој начин обезбедени се сите предуслови за удобен живот, а не изостануваaт ни пријатниот амбиент и лежерноста. Вистинска мини оаза во поткровје, зар не? Инспирирајте се!