Како и многу пати досега, DA ги поддржува и промовира настаните од уметнички карактер и неконвенционална природа. Овој пат, станува збор за големиот, мултимедијален спектакл ВИДИ МУЗИКА – СЛУШНИ СЛИКА – ДОБИЈ КНИГА, на 19.јуни 2014 година, со почеток во 21:00, во Градскиот Парк. На овој настан Ве покануваат Македонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар.
Како и секоја година, седми пат по ред – на концертот со оркестарот на Македонската Филхармонија со наслов СО ТАНЦ НИЗ СВЕТОТ под диригентство на Мартин Пантелеев (Бугарија), ќе се подарат 20.000 книги, и на огромни платна со димензии 12 х 3 метри, ќе имаме можност да го проследиме ликовниот меч на кој силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници. Годинава, со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, ќе се ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.
… а дали некој спомна книга на подарок?
Книгата, односно централниот момент на интерес во кругот на библиофилите во Македонија е навистина интересен избор: