Серијата типографски фотографии со наслов “Culture Caps” е дело на Rebecca Mah, дипломец по уметност. Комбинацијата на англиската азбука и познатите светски градови се споени во книга, каде рачните илустрации на 26 букви се совршено поставени до фотографии по азбучен ред. На пример, А е за Атина, B е за Бали, C е за Каиро… Букви во центарот на вниманието со детали од фотографии, посветени на различните места кои тие ги преставуваат. Овој проект е составен од типографска азбука, постер, книга и веб-страна.
Како што стои на почетокот од оваа публикација – „целиот свет е книга и оние што не патуваат читаат само една страница“, ние стоиме позади оваа прекрасна мотивација за патување и креативни дела!