Кутивче за колачиња е многу креативна и оригинална идеја за подарок или за мало изненадување за најблиските. Собира едно големо или две малечки колачиња. Следете ги инструкциите и обидете се да го направите и со љубов да изненадите некого.
Потребно е:
– картонче или подебела хартија во боја и дезен по избор
– готов модел за цртежот на картонот (можете да симнете од интернет или да нацртате сами според сликата)
– ножици
– украсна лента
1. Испечатете го цртежот на картончето или нацртајте го сами и исечете по линиите.
2. Со врвот на ножиците внимателно поминете по линиите каде што кутијата треба да се свитка за да ја добие потребната форма на коцка.
3. Превиткајте ги тие делови.
4. Откако ја добивте тридимензионалната форма, ставете ги колачињата внатре и внимателно затворете ја кутијата. Прицврстете со лентата- почнете од долу, па продолжете нагоре накај средината (како да завиткувате подарок). На крај врзете машничка.
Освен за подарок, ако направите повеќе вакви кутивчиња можете да ги наредите на чинија за колачи или торта и така да ги послужите гостите на забави, родендени, свадби и сл. Слатко и уникатно ;)