За денешната летна фризура одбравме уште една слатка и едноставна идеја, а тоа е т.н. Хајди-плетенка или холандска плетенка. Плетенките се вратија во мода пред неколку сезони и сè уште се во тренд. Наменета е за оние со подолга коса, а може да се носи преку ден, на плажа или пак, на вечерни излегувања. Следете ги инструкциите подолу.
1. Одвојте едно праменче од косата зад увото или некаде во тој дел, зависи од должината.
2-3. Поделете го праменчето во два дела и почнете да го вртите до крај (слично како да правите плетенка со 2 наместо со 3 прамени).
4. Извртениот прамен префрлете го околу главата, да дојде на другата страна. Зацврстете со шнола.
5. Повторете и на другата страна.
6. Откако ќе ги зацврстите со шнола двата извртени прамени на двете страни, проверете дали се гледаат крајчињата и и нив зацврстите ги со шнола.
Едноставно, а ефектно ;) Можете да ја оставите косата пуштена, а можете и да ја соберете. Изгледа супер секако.