Во петок, 13 јуни, 2014 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс. „Самсон и Далила“ е во кореографија на гостинот од Хрватска, Роналд Савковиќ, додека во насловните улоги ќе настапат: Ивана Коцевска и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Мирјана Поп Алексова-Атанасовска, Месо: Ќе ја толкува Бобан Ковачевски, Церемонијал мајстор: Иван Бојко (Украина), Зло: Билјана Пашариковска.
„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу ДОБРОТО И ЗЛОТО.
Потсетување: Заради градежни зафати, влезот во Македонската Опера и Балет е преку подземната гаража од страната на аптеката „Зегин“.
Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на МОБ.